Софтверски Продукти

Azaro for web

Фоксит АЗАРО се состои од сите компоненти потребни за целосната софтверска околина за администрирање на даноци во единиците за локална самоуправа, општините. Секоја област, регион, општина, како институција, треба да води евиденција, да ги менаџира и администрира сите даноци. Нашиот софтверски продукт АЗАРО го прави сето тоа на најлесниот и најефикасниот начин. Овој продукт е изграден и доведен до едно високо професионално ниво како резултат на тоа што членовите на тимот одговорни за неговиот развој имаат искуство во полето на локалните и државните даноци и такси повеќе од 15 години!

Некои од модулите и деловите на овој продукт се:
  • Регистри и кодови
  • Даноци на имот
  • Општински даноци
  • Даночно сметководство
  • е-Архива
  • Креирање на документи од темплејти
  • Веб портал за даночни обврзници

Јавете ни се за бесплатна презентација!

Colpeo for web

Фоксит КОЛПЕО е нашето интерно дизајнирано и развиено ЕРП решение (планирање со ресурсите на компанијата). Ова е интегриран информатички систем кој работи во реално време, без потреба од периодично синхронизирање или превземање на податоци. Ова е трета генерација на нашето ЕРП решение развиено од нашиот тим кое е континуирано надградувано и усовршувано. Нашиот тим, заедно со вас, врши детална проценка на вашите потреби и процеси и ви помага да ги идентификувате сите системи кои ви се потребни за да ги исполните своите бизнис цели. Фоксит го дефинира и интегрира КОЛПЕО ЕРП решението со високо квалитетна поддршка во секое време.

Некои од под-системите на КОЛПЕО се:
  • Финансиски Менаџмент
  • Магацинско Работење
  • Човечки Ресурси
  • Производство
  • Набавки и Продажба
  • Контрола на пристап и Работно време
  • Проект Менаџмент

Јавете ни се за бесплатна презентација!

Swift for web

Фоксит СВИФТ е продукт специјално дизајниран и развиен за компании кои вршат камионски транспорт, како локален, така и меѓународен. Фоксит СВИФТ ги има сите потребни делови за комплетното ваше работење било да имате ваши сопствени возила или пак само вршите посредување. Фоксит СВИФТ е правото решение кога станува збор за софтверски продукт за менаџмент со вашите возила, сервиси, налози за транспорт, автоматизирање на процесот на фактурирање и раздолжување и уште многу друго. Фоксит СВИФТ е комплетно решение кое ќе ја поедностави вашата работа, но што е уште поважно, ќе ви овозможи поголема контрола и зголемување на вашиот профит!

Најважни делови од СВИФТ се:
  • Менаџмент на возила со предупредувачки механизам и сервиси
  • Менаџирање со возачи
  • Фактурирање и наплата
  • Евиденција и менаџмент со сите транспорти
  • Раздолжување по транспорт и сумарно
  • Услуги за картички за гориво и останати трошоци
  • Анализа на приход и детални извештаи по филтри
Palida for web

Фоксит ПАЛИДА е нашиот продукт кој е специјално дизајниран и развиен за здравствени институции и лекарски ординации, било приватни или државни. Овој софтвер кој е многу лесен за користење е навистина неопходен за една успешна и профитабилна медицинска пракса. Фоксит ПАЛИДА ви овозможува да ја одржувате и менаџирате вашата база на пациенти, нивната историја на болести, како и сите лекови и препораки кои сте им ги дале. Исто така вклучен е и едноставен и интуитивен начин на процесирање на наплатата, проверка на здравственото осигурување на пациентот и грст корисни извештаи за вашето работење и резултати. Со ПАЛИДА вие ќе создадете едно позитивно искуство, ќе го зголемите задоволството кај вашите пациенти, а покрај сето тоа и вашиот успех!

Некои од важните компоненти на ПАЛИДА се:
  • Менаџирање со пациенти
  • Наплата
  • Регистри на болести, тарифи, и сл.
  • Историја на болести
  • Здравствено осигурување
  • Анализа на приход и детални извештаи по филтри
  • Преглед на резултатите

Јавете ни се за бесплатна презентација!

Platino for web

Фоксит ПЛАТИНО е нашиот интегриран софтвер за финансиски институции. Моментално потполно финкционален и комплетен е нашиот модул за менаџирање и сервисирање со кредити за банки, микрофинансиски институции, како и државни институции кои работат со финансии и особено со кредити. Овој модул го покрива администрацискиот дел на менаџирање со кредитот од моментот на апликација па се до неговото финално исплаќање. Ги вклучува сите баланси за исплати, збирни месечни плаќања, одржува евиденција за плаќања и состојби, даноци и хипотеки. Исто така дава можност за динамички менаџмент на сите критериуми кои се користат при мерењето на влијанието на стапките и задржувањето на кредитобарателите. Останатите модули следат за многу кратко време!

Некои од важните компоненти на ПЛАТИНО се:
  • Креирање и менаџмент на кредити
  • Каматни стапки / Калкулатори
  • Хипотеки
  • Аналитика
  • Сумарни извештаи

Јавете ни се за бесплатна презентација!

earchive za web 2

Фоксит е-Архива е софтвер, преку кој со користење на вашиот компјутер можете да вршите комплетна евиденција за сите ваши документи. Во овој софтверски продукт се вклучени сите потребни архивски знаци, секции и регулативи, и се е направено да соодветсвува на вашите хартиени книги за архивирање. Со користење на нашата е-Архива вашите главоболки за организирање и пребарување низ сите тие купишта хартии комплетно ќе исчезнат

Организацијата на целата ваша документација се прави во согласност со сите државни регулативи и закони за архивско работење. Дигитално архивираните документи се чуваат автоматски за зададениот период на години и се секогаш безбедни.

Некои од компонентите на Фоксит е-Архива се:
  • Директно скенирање
  • Интеграција со e-mail
  • Интеграција со Microsoft Office
  • Пребарување низ текст
  • "Повлечи и отпушти" функција