За Нас

 

Тим на високо квалификувани и искусни ИТ експерти кои работат на разновидни ИТ проекти и го подобруваат нашето опкружување и начин на живот. Собрани заедно, одлучивме да создадеме една поинаква информатичка компанија. Без бирократски бариери, ние сме една фамилија на иноватори, каде што секој вработен може да каже на глас што мисли, да ја пренесе и работи на својата идеја, и го донесе своето познавање од областа до совршенство. Една компанија во која со взаемна соработка луѓето допринесуваат за уште позначајни иновации и решенија за проблемите со кои се соочува секој слој на бизнисот, приватен и јавен, во Македонија, регионот, и било каде во светот.

На овој начин ние сакаме да се осигураме дека крајниот корисник на сите наши услуги ќе биде максимално задоволен и ќе добие брзо и квалитетно решавање на неговите проблеми. Со овој импулс и мотив, го создадовме Фоксит, компанија за подобро информатичко утре.

Години на искуство на тимот:

Развој на софтвер 18 год.
Системска Интеграција 10 год.
Развој на Web 10 год.
ИТ Консултантство 5 год.

Фоксит е компанија основана во 2012 година и е партнерска организација во која сме фокусирани на полињата во кои сме најдобри и имаме најголемо знаење и искуство. Создавање на комплетни информатички системи за олеснување и поедноставување на работата на нашите клиенти, додавање на нови функционалности, како и одржување и нивно унапредување.

Заедно со сето ова, Фоксит работи и на создавање, подобрување и одржување на целосната инфраструктура потребна за овие решенија. На кратко, нашата цел е да обезбедиме еден потполно комплетен ИТ систем, како и една и единствена точка за контакт и поддршка на сите наши клиенти.