Услуги

Развој на софтвер

Нашиот главен бизнис е развој на софтвер. Било да барањето е да се развие комплетно софтверско решение според вашите потреби, или градење на решение од веќе постоечка платформа, ние сме тука да ви помогнеме и специјално да го дизајнираме и развиеме решението кое ќе го даде најдобриот одговор за вашите конкретни потреби и барања. За секое барање ние го развиваме софтверското решение специјално за нашите клиенти, и токму поради тоа таквото решение ги содржи точно оние компоненти кои му требаат на клиентот, по мерка. Мобилни и останати апликации се поддржани и ги нудиме според барање.

Сите наши софтверски решенија можат да се развиваат и имплементираат етапно, заедно со променливите потреби и развојот на нашиот клиент. Исто така корисничкиот интерфејс се развива заедно со клиентот и неговите конкретни потреби.

Нудиме и пружаме обука за корисниците, поддршка и 24/7 одржување заедно со имплементација и интеграција со постоечките системи, бази на податоци и поврзани продукти кои клиентот веќе ги има и користи.

Нашите софтверски решенија можеме да ги понудиме или како "Софтвер како сервис", или пак како решение кое ќе го хостира и ќе биде комплетно имплементирано кај самиот клиент.

Software-Development

Системска Интеграција

Да се имаат повеќе разновидни ИТ системи може да резултира во намалена продуктивност, неефикасност и скапо одржување. Дозволете му на искусниот тим на Фоксит, да со своето искуство и знаење ги трансформира вашите ИТ системи во еден оптимално функционален ентитет.

Со нашето искуство од повеќе од 10 години во дизајнирање и интегрирање на постоечка и нова ИТ инфраструктура заедно со технологијата на водечките ИТ добавувачи од светот, ние ја осигуруваме оптималноста на работата на истата во склад со вашите бизнис цели.

Фоксит е добавувач-неутрална компанија по прашањето на градење на решение според вашите потреби, и нашиот фокус е на добивање на најефикасни и оптимални сервиси од ИТ системите, како и нивното едноставно одржување. Отворени сме за работа со било кој добавувач, и во било која техничка околина.

Партнерствата кои ги има Фоксит со водечките светски производители - IBM, EMC, HP, Microsoft, VMware итн., ни помагаат во понудата кон нашите клиенти како тие би имале поголем избор и намалени цени.

Ние ќе ја трансформираме вашата ИТ Инфраструктура во моќна алатка за вашиот бизнис, со комплетна услуга вклучувајќи ја ИТ Инфраструктурата, поддршка за хардвер и софтвер, консултантски услуги и дизајн.

Контактирајте не за да дознаете повеќе.

Системска Интеграција услуги :

  • Комплетна Инфраструктура за Дата Центри
  • Disaster Recovery услуги
  • Business Continuity планирање
  • Мрежна Интеграција
  • Безбедносна Инфраструктура
  • Серверска, сториџ, и мрежна виртуелизација
  • Унифицирани комуникациски и колаборациски услуги
smtp-server

Аутсорсинг на софтверскиот развој

Фоксит нуди целосен циклус на развој на апликации, од формирање на барањата до дизајн и развој на продуктот, тестирање на квалитет, имплементација, како и понатамошно одржување. Нашиот тим на професионалци помага во изборот на најсоодветното решение според потребите на клиентот.

Исто така нашиот тим ви помага во одлучувањето кои технологии и платформи е најдобро да се искористат за да најдобро се постигнат целите на проектот, како и расположливиот буџет. Ние секогаш работиме заедно со клиентот како би ги откриле и најмалите потреби, вклучувајќи и технологии кои се преферирани.

Било да вашата компанија размислува за своето онлајн присуство, или пак има потреба од едно покомплексно и големо решение, нашиот искусен и експертски тим е тука за вас.

Outsource

Ресурсите на Фоксит можат да се користат на еден подолг период, како предвидена, екстензија со пониски трошоци, на развојниот тим на клиентот. Овој начин на работа воедно ги намалува административните трошоци како и главоболките од краткорочните и чести поединечни ангажмани. Фоксит професионално менаџира како со долгорочни, отворени ангажмани, така и со прецизно дефинирани ангажмани, со фиксно време и цена.

Како искусен софтверски аутсорсинг партнер, ние имаме усовршено еден едноставен, економски пристап за влез и излез од вашиот развоен процес во вистинско време, користејќи ги вистинските ресурси. Ние го гарантираме вашето задоволство преку јасни и мерливи критериуми, и на крајот на нашиот ангажман ви ги пренесуваме целокупните резултати и знаење.

Тестирање и контрола на квалитет

За да обезбедиме продуктивна околина за тестирање и да се осигураме дека се имплементирани само продукти без ниту еден проблем, ние го вклучуваме тестирањето и контролата за квалитет уште од самиот почеток на развојниот циклус. Ова ни овозможува да испорачаме продукти на време и во склоп на предвидениот буџет, кои комплетно ќе ги исполнуваат вашите барања за квалитет.

Времето за пуштање во работа и квалитетот на продуктот можат да направат голема разлика помеѓу успех и неуспех на решението. Слабите проверки и тестирања на квалитетот можат да го зголемат ризикот, и потенцијално да создадат загуба во вредноста на продуктот, како и комплетно незадоволство на клиентот. Ние ги елиминираме овие ризици со тоа што и вам ви помагаме да ги усовршите вашите текушти политики за контрола на квалитетот. Исто така можеме да го менаџираме и целокупниот процес на контрола на квалитетот, нудејќи ви независно тестирање и анализа.

Нашите искусни инженери за контрола на квалитетот можат да работат како независен дел од вашата компанија, помагајќи ви да испорачате квалитетен софтвер со намалени трошоци. Во зависност од вашите потреби, можете да ги ангажирате нашите инженери по потреба со кратки проекти, или пак да го зголемите тимот и периодот во согласност со вашите динамички потреби.

Нашите аутсорсинг услуги:
  • Аутсорсирање без ризик: Флексибилни услуги кои се навреме и според буџет, потполно во склад со сите законски регулативи, со коректна цена, и професионално испорачани
  • Бизнис вредност: Конкурентни цени, константни прилагодувања низ развојните промени, и испорака на комплетен продукт со извонреден квалитет
  • Оперативна ефикасност: Скалабилност на ресурсите низ сите аспекти на развојниот циклус
Нашите области на експертиза :
  • Веб решенија со "enterprise" апликации
  • Мобилни апликации
  • Десктоп апликации
  • Системски апликации
Услуги за тестирање и контрола на квалитет :
  • Функционално тестирање–Потврда за функционалноста на системот во согласност со неговите специфични барања
  • Тестирање на интегритет–Комбинирање на програмските единици во една компонента за да се осигураат перформансите, функционалноста и доверливоста
  • Регресивно тестирање–Верификација дека новите промени немаат негативен ефект на функционалноста на целиот систем
  • Корисничко прифаќање–Потврда од корисникот дека системот ги исполнува очекувањата и функционира според барањата
  • Истражувачко тестирање–Идентификување на проблемите за време на тестирањето без претходно креирање на тестови
  • Тестирање на функционалности–Верификација на сигурноста, лесното користење, перформансите, согласностите и скалабилноста на системот
  • Автоматизација на тестирањето–Автоматизација на тестирањето со контрола на самото извршување; поставување на условите за тестирање и очекуваните резултати
banner_it_consultancy

Консултантство

Фоксит ќе ги дефинира, дизајнира и изврши стратегиите кои имаат влијание на развојот на вашиот бизнис, кои ќе ги намалат вашите трошоци и ќе креираат нови приходи. Ние пристапуваме кон "големата слика" на нештата, работејќи со вас и учејќи ја вашата визија и цели, ИТ околина, вештини и политики. Потоа развиваме краткорочна и долгорочна стратегија базирана на најдобрите практики како би добиле резултати кои се мерливи.

Компаниите сметаат на нашето познавање на технологијата, и ние го испорачуваме тоа што го очекуваат. Ние сме експерти во решенијата градени по мерка и можеме да ви помогнеме во евалуацијата на вашите бизнис идеи во секоја етапа од нивниот развој, од првичен модел, па се до надградби и екстензии на постоечките системи.

Со нашиот флексибилен и транспарентен пристап кон решавањето на проблемите, и нашето сеопфатно искуство, нашата експертиза и познавања можат да ви помогнат да постигнете поголема продуктивност и ефикасност.
Ние знаеме дека секој клиент е различен, и затоа тесно соработуваме како би го дефинирале проектот и целите. Сакаме да што подетално ги разбереме вашите желби и го испорачаме перфектното решение, секој пат.

Некои од нашите услуги:
  • Олеснување при одлучувањето при инвестиции во ИТ
  • Експертиза во комплексни технологии, алатки и процеси
  • Совети базирани на знаење и искуство на нашиот тим
  • Разработка на проекти базирано на искуства од терен од корисниците од разни индустрии