Едно решение за сите вашите потреби во управување со транспорт

Постигнете максимална оперативна ефикасност со само неколку кликови

Увид во минатото. Планирај ја иднината. Дејствувај денес


     Водењето на успешен транспортен бизнис е комплексна задача која бара извонредна количина на координиран напор, а притоа толерира само најнизок праг на грешка. Овие специфични предизвици значително го отежнуваат мануелното менаџирање со транспортни активности. Праксата покажува дека овие традиционални начини на управување со транспортна логистика одземаат многу време и даваат непредвидливи резултати, додека пак секогаш присутниот фактор на човечка грешка дополнително ги комплицира работите.

     Едно од најсоодветните решенија на овој проблем може да се најде во имплементирањето на брз и безбеден систем за менаџмент на транспорт, чија примарна задача е да овозможи оптимално ниво на безбедност и стабилност при извршувањето на сите транспортни операции и процеси. Ваквиот систем претставува специјализиран софтвер чија цел е да ги поддржи корисниците во ефикасно управување со сите интегрални елементи на една транспортна операција преку елиминирање на оперативните проблеми кои трошат непотребни ресурси.

Кои се придобивките од употреба на систем за менаџмент на транспорт (TMS)

     Системите за менаџмент на транспорт претставуваат специјализиран софтвер кој може да автоматизира процеси и да извршува задачи во склад со сите адекватни безбедносни протоколи. Преку автоматизирање на рачните и рутинските задачи и намалување на процесните трошоци, ваквите системи можат да озовможат заштеда на значајна количина ресурси, притоа подобрувајќи ја прецизноста, ефикасноста и продуктивноста на сите работни процеси. Според најновите истражувања, приближно 50% од глобалните транспортни бизниси веќе имаат имплементирано системи за менаџмент на транспорт, а третина од нив забележале над 15% намалување на целокупните оперативни трошоци со употребата на овој вид на софтвер. 

     Доколку сѐ уште не сте дел од таа статистика, можеби токму сега е вистинскиот момент за да превземете долгорочна иницијатива. Кога станува збор за глобалната трговија, бизнисите кои имаат капацитет да ја вршат својата дејност на максимално ефикасни начини со најмалку трошоци се токму оние што секогаш се наоаѓаат еден чекор пред конкуренцијата. Ако овие придобивки се компатибилни со вашата бизнис стратегија, се наоѓате на вистинското место. Нашето софтверско решение SWIFT нуди целосно дигитално зајакнување за вашиот транспортен бизнис кое ќе ви помогне да ги постигнете предвидени цели со помали трошоци и значително помалку напор. Откријте како овој систем може да ви помогне да го остварите потенцијалот за раст на вашата компанија

Безбедна патека до успех во транспортната индустрија

     SWIFT е комплетно софтверско решение за оптимизирање на транспортни операции кое овозможува непрекината мобилност на податоците и темелен увид во секојдневните активности. Во своите дваесет години постоење, овој систем беше внимателно усовршуван во насока на беспрекорно автоматизирање на повторливи функции, оптимизирање на сложени задачи и стандардизирање на сите деловни трансакции.

     Од изготвување на аналитички извештаи и испраќање на документи до обезбедување на процесна документација и фактурирање - SWIFT е алатка која ја елиминира можност за човечка грешка во сите работни процеси, овозможувајќи максимална ефикасност, стабилност и транспарентност во нивното управување, што го олеснува секој аспект на работата за сите вклучени. 


Шест карактеристики кои го прават SWIFT идеално решение за потребите на вашата компанија

     Изборот на соодветен софтвер знае да биде збунувачки процес, но ние сме овде за да ги поедноставиме работите. Во текстот подолу, запознајте ги суштинските придобивки на SWIFT како дигитален партнер на вашиот транспортен бизнис.

Моќен поттик на ефикасност 

     Имплементацијата на SWIFT гарантира елиминација на сите временски и финансиски неекономични процеси, намалување на логистичките трошоци, подобрување на продуктивноста на флотата и воспоставување доследни трансакциски процедури. На овој начин, SWIFT промовира паметен начин на работење кој им овозможува на компаниите да ги прилагодат работните процеси на своите финансиски цели. 

Приспособливост

     Секој транспортен бизнис е уникатен, и ние веруваме дека најдобрите софтверски решенија го одразуваат тоа. Покрај есенцијалните елементи како што е административниот контролен панел, алатките за следливост и интегрираното сметководство, SWIFT содржи полу-приспособливи и целосно приспособливи елементи кои можат да одговорат на специфичните барања на вашиот бизнис

Безбедна бекап стратегија

     Загубата на податоци е проблем кој ги зафаќа дури и компаниите со најодговорен менаџмент. Анализите покажуваат дека дури 5% од податоците на една просечна транспортна компанија се губат поради небезбеден пристап или непостоечки бекап. За да се спречи овој проблем, SWIFT е дизајниран со посебно внимание кон максималната безбедност на податоците. Со автоматизација на целиот бекап процес, системот ги штити вашите податоци во нивниот целосен интегритет во секој даден момент.

Соработка со искусни професионалци

     Во последните две децении SWIFT помина низ повеќе успешни трансформации посветени на постигнување континуирани врвни резултати. Ова искуство ни помогна темелно да ги елиминираме слабостите и системските грешки и да развиеме вистински моќно решение за управување со транспортни бизниси од сите големини.


Брзо фактурирање и детални надзорни процеси

     SWIFT овозможува брзо, прецизно и навремено извршување на сите трансакции. Покрај тоа, системот нуди увид во секој чекор од реализацијата на фактурите, што овозможува лесен пристап и надзор над виталните наплатни процеси.

Хибридно управување со податоци

     За да постигне максимална безбедност на вашите податоци, SWIFT ја комбинира ефикасноста на услугите базирани на облак со безбедносните придобивки на физичката инсталација. Облакот овозможува конекциски предности и пристап од било која локација, додека физичката инсталација пружа дополнителен слој на заштита на податоците и овозможува целосна секојдневна контрола на софтверот. 

SWIFT е токму тоа што ви треба ако...

  • Развојот на вашиот бизнис е во стагнација
  • Барате начин да ги редуцирате трошоците на одговорен начин
  • На вашите анализи и извештаи им недостига јасност и прецизност
  • На вашите транспортни процеси им недостига видливост, следливост и континуитет
  • Користите застарен, нецелосен или конвенционален (TMS)
  • Вашите транспортни операции во голема мера зависат од мануелен труд
  • Вашите есенцијални работни процеси не се стандардизирани и проследени со релевантна документација 

Вашата визија е наша цел. Тимот на SWIFT нуди брза и сигурна поддршка во сите компоненти на бизнисот кои водат до зголемена профитабилност во транспортната индустрија

Дали сте подготвени за чекор кој ќе ги подобри сите параметри на ефикасност во вашата транспортна компанија? 

Контактирајте нѐ за повеќе информации.

МОЖЕБИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

mk_MK